Прејди на содржината

Бисао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 16:46, 4 август 2012; направена од Rubinbot (разговор | придонеси) (r2.5.4) (Робот: Менува es:Bisáu)
Местоположбата на Бисау во Гвинеја-Бисау.
Местоположбата на Бисау во Гвинеја-Бисау.

Бисау е главниот град на Гвинеја-Бисау. Според податоци од 2004, има околу 355,000 жители. Градот се наоѓа на естуарот на реката Геба, на Атлантскиот Океан. Тој е најголемиот град во земјата, главно пристаниште и административен и воен центар. Главни извозни продукти на Бисау се кикириките, дрвата, копарот, палмовото масло и гумата. Градот бил основан во 1687 од страна на Португалија како фортифицирано пристаниште и трговски центар. Во 1942 година, Бисау постанал главен град на Португалска Гвинеја, но бил заменет со Мадина до Бое во 1973-74. Бисау се наоѓа на 11°52' северно и 15°36' западно.

Градот е познат по својот годишен карневал. Други атракции се бараките Форталеза д'Амура, во кои е сместен мавзолејот на Амиклар Кабрал, потоа споменикот Пиџигуити, подигнат во чест на работниците на пристаништето кои биле убиени во штрајкот на пристаништето на 3 август, 1959 година, народниот институт за уметност, новиот стадион во Бисау и локалните плажи. Многу згради во градот се разурнати за време на граѓанската војна во Гвинеја-Бисау, вклучувајќи ја и претседателската палата на Гвинеја-Бисау и францускиот културен центар на Бисау. Градскиот центар сè уште не е развиен.

Аеродромот на Бисау се вика Освалдо Виеиро меѓународен аеродром.