Прејди на содржината

Умберто Еко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Умберто Еко
Umberto Eco
Умберто Еко
Роден(а)5 јануари 1932(1932-01-05)
Алесандрија, Италија
Починал(а)19 февруари 2016(2016-02-19) (возр. 84)[1][2]
Милано, Италија
Период20 век/21 век
Подрачјезападна филозофија
ШколаКонтинентална филозофија
Претежна дејност
Семиотика
Потпис

Умберто Еко (италијански: Umberto Eco; 5 јануари 193219 февруари 2016) — италијански писател и филозоф, најпознат по своите романи и есеи.

Кратка белешка за писателот

Умберто Еко е роден на 5 јануари 1932 година, во малиот град Алесандрија во Пиемонт, северна Италија. Како мал бил зафатен од сите немири што ги носела Втората светска војна. Со својата мајка се искачувал на ридиштата од каде што ги гледал борбите меѓу фашистите и партизаните и жалел што бил премногу млад за да учествува во војната. Сите овие настани ќе бидат основа за неговиот втор роман, полуавтобиографијатаФукоовото нишало“.

По желбата на својот татко, Еко се запишал на студиите по право, но ги напуштил поради големата љубов кон средновековната книжевност и филозофија. Оваа своја љубов ја претопува во својот прв роман Името на розата, каде што исклучително успешно ги преведува средновековните религиозни контроверзии во модерни политички и економски термини, така што читателот е во можност да ги разбере настаните и дејствијата без неопходните теолошки знаења.

Докторирал филозофија во 1954 година и работел како професор по семиотика на Болоњскиот универзитет. Предавал и на повеќе универзитети во Европа и во САД, а добитник е на многу престижни награди. Освен претходно споментатите два романа, тој е автор уште на три: „Островот на претходниот ден“, „Баудолино“ и „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“. Познат е и како автор на голем број научни дела.

Еко се опишувал себеси како човек што започнува многу работи истовремено за подоцна да ги синтетизира во една целина: „Ако немам многу работи да направам, изгубен сум“.

Еко починал во својот дом на 19 февруари 2016 г.[3]

Наводи

  1. „È morto lo scrittore Umberto Eco“. Corriere Della Sera Online (Italian). 19 February 2016. Посетено на 19 February 2016. Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Umberto Eco, Italian author of 'The Name of the Rose,' dies at 84“. Reuters. 20 February 2015. Посетено на 20 January 2016.
  3. „Почина Умберто Еко, авторот на „Името на розата". Утрински весник. 20 февруари 2016. Посетено на 20 февруари 2016.

Надворешни врски