Родина Македонија
Родина Македонија (скратено РОДИНА) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е формирана на 30 март 2020 година во Скопје. Претседавач на претседателството е Зоран Јованчев.
Родина Македонија | |
---|---|
Основана | 30 март 2020[1] |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Младина | Родина млади |
Идеологија | Македонски национализам Конзервативизам Антикомунизам Антифашизам Анти-НАТО Анти-ЕУ Панславизам |
Бои | црвена жолта |
Собрание | 0 / 120 |
Општини | 0 / 80 |
Мрежно место | |
www.rodina.org.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Создавање
[уреди | уреди извор]Родина Македонија се создава како реакција и алтернатива на предавничките политики на двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Сметајќи дека Македонија оди во погрешна насока уште од самото осамостојување, тие за прв пат од која било друга политичка партија претходно, нудат алтернатива во БРИКС и ЕАЕС, притоа пркосејќи и со ставовите дека се против НАТО и Европската Унија.
Основни цели
[уреди | уреди извор]Како основни цели на Родина Македонија се издвојуваат:
- Враќање на името Македонија
- Враќање на шеснаесет зрачното сонце за официјална употреба
- Не во НАТО и не во ЕУ
- Влез во БРИКС, ЕАЕС, ШОС, Пат на свилата
- Заштита на децата од трансродови и сексистички идеологии
- Повеќедетно семејство
- Заштитена природа и неотуѓивост на нејзините ресурси
- Македонија да прави стратешки, економски и безбедносни сојузи само во свој интерес
- Меритократија
Органи на Родина
[уреди | уреди извор]-собрание;
-централен одбор;
-претседателство;
-совет за Родина;
-генерален секретаријат;
-општински одбори;
-задгранични одбори.
Собрание
[уреди | уреди извор]Собранието е највисок орган на Родина.
Собранието:
-ги донесува и менува статутот и програмата на партијата;
-ги избира членовите на претседателството на партијата;
-разгледува прашања од општ интерес за партијата;
-ги утврдува основните насоки и ставови за делување на органите и на партијата во целина;
-усвојува извештаи за работа на органите и телата на партијата;
-донесува деловник за работа и
-врши и други работи од интерес и значење за партијата.
Централен одбор
[уреди | уреди извор]Централниот одбор е највисок политички и раководен орган на Родина помеѓу две собранија.
Централниот одбор:
-раководи со партијата меѓу две собранија;
-се грижи за спроведување на одлуките на собранието и на другите органи и тела на партијата;
-дава политички оценки и креира партиски ставови по разни прашања од општествено-политичките, економските и другите случувања;
-утврдува кандидат за Претседател на Републиката, кандидати за пратеници, кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и Град Скопје;
-утврдува предлог на статут или за изменување и дополнување на статутот, врз основа на иницијативи од претседателството, основните помошни органи и тела, општинските одбори, советот за Родина и/или поединци – членови на партијата ;
-донесува одлуки за внатрепартиски избори;
-ја следи работата на носителите на јавните функции од редот на Родина;
-донесува финансиски документи во врска со работењето на партијата;
-формира комисии, работни тела и други органи од значење за работата на Одборот;
-донесува одлука за коалицирање или прекин на коалицирањето, на предлог на претседателството;
-донесува акти за реализирање на својата активност;
-врши и други работи од значење за работата на партијата.
Претседателство
[уреди | уреди извор]Претседателството е политичко – извршен орган на партијата.
Претседателството:
-утврдува предлози на акти кои ги донесува централниот одбор;
-ги спроведува актите кои ги донеле собранието или централниот одбор;
-ги следи актуелните општествено-политички и економски случувања, расправа во врска со нив, зазема став по истите и во врска со тоа предлага иницијативи и мерки до централниот одбор, а по потреба и до собранието;
-се грижи за организационата мрежа на партијата и презема мерки за унапредување на истата;
-на предлог на претседавачот на претседателството избира генерален секретар на партијата;
-донесува одлука за исклучување и одговорност на партиските членови;
-донесува одлуки за основање и распуштање на општинските одбори и задграничните комитети;
-донесува одлуки за промена на претседавачи и одговорни лица во општинските одбори;
-се грижи за материјално-финансиското работење на партијата;
-определува лице задолжено за материјално – финансиско работење на партијата;
-одлучува за набавка на движни и недвижни ствари за потребите на партијата;
-основа и укинува помошни органи, тела, комисии, одбори и работни групи за потребите на партиските активности;
-дава предлози до собранието и централниот одбор за преземање одредени мерки и активности;
-одлучува за тековни активности од значење и интерес за партијата;
-врши и други работи и задачи кои се во функција на извршување на партиските ставови, одлуки и заклучоци.
Членови на претседателството:
[уреди | уреди извор]- Зоран Јованчев-претседавач
- Томе Ширков-заменик претседавач
- Коста Јовчевски Корчагин-член
- Гордана Гоџо-член
- Зоран Тапчановски-член
- Александар Стефановски-член
- Никола Чоневски-член
Совет за Родина
[уреди | уреди извор]Советот за Родина е орган на партијата кој има советодавна, надзорна и иницијативна функција, чија основна функција е зачувување на изворните принципи на програмските определби заради кои е основана партијата.
Член на советот за Родина може да биде лице кое:
-учествувало во првичните активности на создавање, профилирање и дефинирање на идеолошката ориентација, програмата и целите врз кои се темели партиско – политичката активност на Родина Македонија, пред нејзиното формално основање;
-е веќе докажано во својата партиско – политичка активност и кое покажало континуитет и доследност кон основните програмски цели;
-во ниту еден момент не оставило сомнеж за неговите искрени и чесни намери во врска со делувањето на Родина Македонија;
-давало во континуитет значајни резултати во реализација на програмските цели;
-е континуирано присутно на работните состаноци и активности на Родина Македонија и
-е посветено на основните идеолошки и програмски цели на Родина Македонија.
Родина млади
[уреди | уреди извор]Родина малди е младински огранок на Родина Македонија, а е формиран во 2023 година. Целите на подмладокот на Родина е промовирање на патриотизмот кај младите македонци и развивање на чувството на солидарност од еден македонец кон друг. Покрај тоа Родина млади ја промовира идејата за новиот мултиполарен свет кај младите и ги едуцира за положбата и значењето на Македонија во истиот.
Локални избори 2021 година
[уреди | уреди извор]Родина Македонија учествуваше на Локалните избори 2021 година со свои кандидати за градоначалник на Град Скопје, Општина Центар и Општина Берово и со свои советнички листи за Град Скопје и во општините: Аеродром, Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Бутел, Конче и Македонски Брод.
Кандидати за градоначалник
[уреди | уреди извор]- Град Скопје - Владимир Трајковски
- Општина Центар - Силва Јовановска
- Општина Берово - Горанчо Костевски
Кандидатски листи за членови во советот
[уреди | уреди извор]- Град Скопје, носител на листа - Томче Ширков
- Општина Центар, носител на листа - Софија Ачкоска
- Општина Аеродром, носител - Елизабета Чингарова Матевска
- Општина Кисела Вода - Елена Чоневска
- Општина Гази Баба - Добринка Накева
- Општина Карпош - Теона Трајковска
- Општина Бутел - Никола Чоневски
- Општина Конче - Васка Ристова
- Општина Македонски Брод - Тони Радески
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Политички партии во Македонија