Прејди на содржината

Интерпункција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интерпункција — правописни знаци што служат за означување на речениците и нивните делови, паузите и интонацијата на речта (точка, запирка, прашалник, извичник, загради)[1]. Интерпункциските знаци се симболи кои не се фонеми (звуци) на јазик или лексеми (зборови и фрази), туку оние симболи кои служат за да ја покажат структурата и организацијата на пишувањето, како и интонација и паузи кои треба да се применат за време на (гласно) читање.

Историја

[уреди | уреди извор]

Најраното пишување немало големи букви, празни места или знци на интерпункција. Ова не било проблем сè додека предметот бил ограничен на мал опсег на теми (на пример, пишувањето првично се користело за бележење на деловни преговори). Со ширењето на употребата на пишувањето на повисоки апстрактни поими, било неопходно да се воведе некој начин за решавање на појавата на двосмислени значења. До 18 век, интерпункцијата била првенствено помош за гласно читање и оттогаш се развила како механизам за да се осигура дека текстот има смисла кога се чита „во себе“.

Употреба

[уреди | уреди извор]

За да може говорот правилно да се пренесе во пишаниот текст, зборовите се одделуваат со белини, а интонацијата на реченицата, смисловното расчленување, паузи помеѓу деловите на исказот и др. се означуваат со правописни знаци, т.е. интерпункција. Интерпункцијата во македонскиот јазик (и во другите јужнословенски јазици) во основа е логична, што значи дека употребата на интерпункциски знаци, по правило, зависи од значењето. Писателите во примената на интерпункциските знаци честопати намерно отстапуваат од пропишаната норма, сакајќи да постигнат дополнителни уметнички ефекти и да придонесат за стилското уредување на делото. Во поновата поезија, на пример, по правило, интерпункцијата е отсутна, а во модерната проза, нарацијата често се прекинува со запирки или точки (од гледна точка на нормата, таквите реченици обично се нецелосни) и слично. Успешноста на таквите постапки ја оценува теоријата на книжевност и книжевната критика (есеи), имајќи ги предвид првенствено постигнатите уметнички ефекти. Некои од интерпункциските знаци, покрај неколку дополнителни и доста специфични за одредени професии, може да имаат и други функции - правописни или помошни (сп. на пример точка за кратенка или употреба на црта и цртичка при пишување удвоени парови (дублети) и полусложеници, итн. ).

Интерпункциски знаци

[уреди | уреди извор]

Интерпункциски знаци во македонскиот јазик се:[2]


  1. „интерпункција“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Правопис на македонскиот јазик“. ИМЈ. 2017. Посетено на 25 август 2024.

Литература

[уреди | уреди извор]