Новиград (Истра)
Новиград | ||
---|---|---|
Град | ||
Град Новиград Grad Novigrad - Città di Cittanova[1] | ||
Панорама на Новиград | ||
Земја | Хрватска | |
Жупанија | Истарска жупанија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Антео Милош (ИДС) | |
Површина | ||
• Вкупна | 27 км2 (10 ми2) | |
Население (2011)[2] | ||
• Вкупно | 4.345 | |
• Густина | 160/км2 (420/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Postal code | 52 466 | |
Повик. бр. | 052 | |
Мреж. место | novigrad.hr |
Новиград (италијански: Cittanova или Cittanova d'Istria) — град и општина во Истарската жупанија во западна Хрватска. Во Хрватска, исто така понекогаш се нарекува Новиград Истарски, за да се разликува од другите три хрватски градови со истото име.
Новиград се наоѓа на мал полуостров на западниот брег на Истра, два километри северно од вливот на реката Мирна и околу 25 километри јужно од границата со Словенија. Според пописот од 2011 година, градот имал население од 2,622 жители, додека целата општина – која исто така вклучува четири села – имала 4,345 жители. 66% од населението се етнички Хрвати, додека најголемата малцинска група биле истарските Италијанци (10%).
Население
[уреди | уреди извор]Етничките Хрвати бројат 66.42% од вкупното население, проследено со Италијанците (10.20%), Албанците (3.36%), Срби (2.83%) и Словенците (2.09%), додека 10.66% од населението се на регионално ниво поврзани. Италијанците во Новиград се организирани во здружение со цел за зачувување и промовирање на специфичноста на италијанската заедница.
Националност | број на жители | процент |
---|---|---|
Хрвати | 2.796 | 69,87 % |
Италијанци | 511 | 12,77 % |
Албанци | 123 | 3,07 % |
Срби | 81 | 2,02 % |
Словенци | 75 | 1,87 % |
Турци | 23 | 0,57 % |
Бошњаци | 12 | 0,30 % |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница (хрватски) (италијански)
- ↑ The Statute of Novigrad
- ↑ „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Новиград“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.