Прејди на содржината

Папа Павле IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле IV
Родено име Џанпјетро Карафа
Папа од 23 мај 1555
Папа до 18 август 1559
Претходник Папа Марцел II
Наследник Папа Пиј IV
Роден 28 јуни 1476
Каприља Ирпина, Италија
Починал 18 август 1559
Рим
Други папи по име Павле (појаснување)

Павле IV (лат. Paulus PP. IV; 28 јуни 1476 - 18 август 1559) — римски папа од 23 мај 1555 до 18 август 1559[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Џанпјетро Карафа се родил на 28 јуни 1476 во Карпиља Ироина, во близина на Неапол. Неговиот татко Џовани Антонио Карафа починал во 1516 во Западна Фландрија, а неговата мајка Виторија Кампонески била ќерка на Пјетро Лале Кампонески, голем неаполски благородник.

Во 1524, папата Климент VII му наложил на Карафа да го напушти благородништвото и да се оддаде на аскетстскиот ред на светиот Каетан Тиенски. По ограбувањето на Рим во 1527, редот се преселил во Венеција. Но, Карафа бил повикан од папата Павле III да се врати во Рим за да служи на папскиот двор во спроведувањето на реформите и заживувањето на схоластиката. Во декември 1536, тој бил поставен за епископ на Неапол. Карафа исто така ја реорганизирал инквизицијата во Италија.

Изненадувачки бил избран за папа, по тринеделното папство на папата Марцел II. Во неговото папство, неговиот национализам бил движечка сила. Хабсбурзите не го сакале , па тој склучил сојузништво со франција, веројатно против неговите вистински интереси. Папата Павле IV верувал во Extra Ecclesiam nulla salus („Надвор од црквата нема спас“). Во 1555, тој ја издал булата Cum nimis absurdum, со која било официјално било формирано римското гето. Со тоа, Евреите биле принудени да живеат одвоено, во римскаиот реон Сант Анџело.

Павле IV е и папата кој го вовел индексот на забранетите книги.

Како и поголемиот број на папи од периодот на ренесансата, папата Павле IV сакал неговото семејство да биде успешно. Неговиот внук Карло Карафа бил кардинал. Постариот брат на Карло Џовани бил назначен за командант на силите на папата во грофовството Палијано. Третиот внук Антонио бил назначен за командант на папската гарда, а подоцна и станал Маркиз од Монтебело. Нивните високи функции уживале лоша репутација во Рим. Но, и покрај тоа, по катастрофата од војната против шпанскиот крал Филип II и по бројни скандали, во 1559, тие биле посрамотени пред папата и биле протеран од Рим.

Папата Павле IV бил погребан во базиликата Свети Петар, но подоцна неговите останки биле префрлени во Санта Марија сопра Минерва.