Прејди на содржината

11 август (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
480 п.н.е.  Персијците под водство на Ксеркс I извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка.
1918  Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен.
1929  Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања.
1934  Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата.
1960  Чад прогласува независност.
1966  Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус.
1972  Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам.
1999  Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија.
2003  НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО.