Манасков е роден во францускиот град Кретеј, а кога имал две години, неговото семејство се преселило во германскиот град Хамелн, каде живеел во текот на четири години[2].
Во мај2014 година, во изборот на специјализираниот портал Handball Planet, Манасков влегол во идеалниот состав на светот составен од млади ракометари, на позицијата лево крило.[3] Во јануари 2015 година, Манасков бил дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.
По големата финансиска криза во која западнал РК Металург, во февруари2015 година, Манасков го напуштил клубот и заминал во германскиот клуб „Вецлар“ за кого дебитирал на 14 февруари2015 година.[4][5] Притоа, на втората одиграна средба за својот нов клуб, Манасков постигнал девет голови во натпреварот против „Мелзунген“, во кој неговиот тим изгубил со 29-31.[6] Во март2015 година, РК „Вардар“ објавил дека потпишал тригодишен договор со Дејан Манасков, почнувајќи од сезоната 2015-2016, со важност до јуни2018 година.[7]